Стопанска банка - Битола оствари профит од 138,5 милиони денари ( 2,25 милионa евра) во првите девет месеци годинава. Најзначаен генератор на добивка се нето-приходите од камати од редовно работење, кои се за 178 отсто повисоки од тие што беа остварени во истиот период лани, и наплатата на каматите од претходно отпишани побарувања. Поради зголемениот депозитен потенцијал, во овој период, раст бележат и расходите за камати и тоа од 9 отсто во споредба со истиот период минатата година. Банката оствари солиден раст и кај втората по големина најзначајна ставка – нето-риходите од провизии и надоместоци чиј износ е повисок за 10 отсто во споредба со периодот јануари-септември лани. Растот на оваа приходна ставка е директен резулат на успешната експанзивна деловна политика на менаџментот на банката во зголемениот обем на работа во: кредитирање правни и физички лица, во платниот промет и засилен мониторинг на трошоците.
Стопанска банка - Битола оствари профит од 138,5 милиони денари ( 2,25 милионa евра) во првите девет месеци годинава. Најзначаен генератор на добивка се нето-приходите од камати од редовно работење, кои се за 178 отсто повисоки од тие што беа остварени во истиот период лани, и наплатата на каматите од претходно отпишани побарувања. Поради зголемениот депозитен потенцијал, во овој период, раст бележат и расходите за камати и тоа од 9 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Банката оствари солиден раст и кај втората по големина најзначајна ставка – нето-риходите од провизии и надоместоци чиј износ е повисок за 10 отсто во споредба со периодот јануари-септември лани. Растот на оваа приходна ставка е директен резулат на успешната експанзивна деловна политика на менаџментот на банката во зголемениот обем на работа во: кредитирање правни и физички лица, во платниот промет и засилен мониторинг на трошоците.
Во овој период банката бележи и силен раст на другите приходи од дејноста, кои се повеќе од двојно повисоки од остварените во истиот период лани. Тоа се должи во најголема мерка на капитални добивки од продажба на дел од преземениот имот. Раст од 77,5 отсто има и кај приходите од курсни разлики.
Поради експанзивната деловна политика на менаџментот со цел освојување подобра пазарна позиција, на расходната страна за првите девет месеци годинава е забележлив раст на трошоците за вработени за 10 отсто, другите реасходи од дејноста за 24,5 отсто и трошоците за амортизација за 17,8 отсто. Во овој период овие расходи се зголемени затоа што банката отвори нови работни места и вложи во проширување на мрежата на нови експозитури и на АТМ-уреди ширум земјава.